
Уставни измени под Бугарски диктат без јасни гаранции за вековен јазик, идентитет, историја и посебност се невозможни, посочува градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефкоски.
„Изразувам јасна и недвосмилена поддршка на ставовите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. др. Христијан Мицкоски искажани на денешната лидерска средба.
Република Македонија се наоѓа пред сериозни предизвици во кои е доведена поради неодговорната политика на Владата.
Јавна поддршка и за пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и признание за сите пратеници кои јасно и гласно кажаа НЕ за уставните измени.
ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот и секогаш и секаде ќе го застапува интересот на народот! Друга татковина ние немаме и затоа Македонија до крај мораме да ја сочуваме. Горда и достоинствена, а не обезличена и понижена Македонија“ – посочи тој.