
Зградата на Парламентот на Црна Гора утрово е евакуирана поради дојава дека во институцијата е поставена бомба.
Претставници на полициската управа за „Вијести“ информирале дека дојавата била примена кусо пред осум часот.
Припадници на полициската управа преземаат мерки и дејствија што се во нивна надлежност и се работи на проверка на информациите, велат од полицијата во Подгорица.
Претставници на Министерството за образование за „Вијести“ неофицијално изјавиле дека дојави за бомби добиле и неколку училишта во Подгорица, како и едно средно училиште во Никшиќ.