
Поранешниот македонски и европски шампион Вардар наскоро треба да потпише договор со талентираниот португалски ракометар Нилтон Мело, кој игра на бековската позиција.
Понудата го изненадила Мело, кој вели дека е среќен затоа што добил можност да игра за голем клуб како Вардар.
„Барав проект кој ќе ми дозволи да бидам професионалец. Имав понуди од Шпанија, но потоа се појави Вардар и не можев да го одбијам. Бев изненаден што ме бара голем тим како Вардар, тоа ми дава мотивација за да се докажам и да напредувам“, вели Мело.