
Во четвртокот во гостиварско Врапчиште, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 33-годишниот М.Ч. државјанин на Република Турција.
При претрес во куќа во содејство со Државен санитарен и здравствен инспекторат, која ја користел како ординација за надрилекарство, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени поголема количина на таблети, медицинска документација, пари и друг предмет.
Лицето било задржано во полициска станица и по расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.