
НБА тимот на Денвер Нагетс ноќеска го совлада Мајами во четвртиот натпревар од големото финалето на НБА со 108:95.
Резултатот во серијата сега е 3:1 во корист на Нагетс и за да го освои шампионскиот трофеј на тимот од Колорадо му е потребна само уште една победа.
Најзаслужни за победата на Нагетс беа Арон Гордон, кој постигна 27 поени додека српскиот репрезентативец Никола Јокиќ отвари дабл-дабл учинок од 23 поени и 12 скокови. Кај домаќините најефикасен беше Џими Батлер со 25 поени.
Петтиот натпревар од серијата ќе се одигра на 13 јуни на теренот на Денвер.