
Рано утрото во саботата, околу 4,05 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на регионалниот пат Макази – Маркова Нога, пред ресенското село Подмочани, автомобил „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот А.Р. од Ресен, излетал од коловозот.
Од здобиените повреди на местото починал возачот А.Р., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид извршиле екипа од Полициската станица Ресен и јавен обвинител.