
ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук изразуваат длабоко сочувство до семејството и пријателите на Дарко Димовски, претседателот на ССМ.
– Сочувство до семејството и пријателите на прерано починатиот Дарко Димовски.
Тој беше голем борец за работничките права, праведен, храбар и непоколеблив. Димовски остави свој белег во општеството, по кој ќе остане запаметен засекогаш.
Неговиот ангажман за работниците беше сигнал до секоj работник, дека никогаш нема да остане сам и незаштитен.
Почивај во мир Дарко, стои во нивниот пост на Фејсбук.