
Се појасно е дека премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски е сѐ понервозен кога ќе го прашаат кој од двата предлози кои ги даде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за заштита на индентитетот и интеграција на ЕУ, ги прифаќа. Ковачевски тоа уште еднаш го потврди и на одговарање на новинарско прашање при денешната негова изјава во Богданци.
Имено новинар од Сител го праша Ковачевски, кои од предлозите на Мицкоски е за вас е прифатлив и дали за некој од тие предлози имате разговарано во партијата како можен прифатлив?
Одговор кој го даде Ковачевски е следниот:
-Од кој медиум сте вие? Бевте на прес конференцијата? А беше некој ваш колега? А пуштија кај вас на телевизија од прес конференција? Значи да ви повторам што беше на прес конференција.