
Во вторникот во Македонија ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
На некои места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура е во интервалот од 11 до 17, а максималната соодвето ќе се движи од 20 до 27 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Температурата ќе достигне до 24 степени.