
Времето во Македонија во средата ќе биде главно променливо облачно, од пладневните часово на места нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град.
Минималните температури се движат во интервалот меѓу 9 и 16, доколку максималните дневни соодветно ќе бидат од 19 до 28 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови со повремен дожд и појава на грмежи и засилен ветер. Температурата ќе достигне до 25 степени.