
На 13.06.2023 во 17:45 часот во Полициската станица Радовиш, С.И.(41) од Радовиш пријавил дека на улица „Даме Груев“ во Радовиш пронашол експлозивна направа.
Пиротехничар до Дирекција за заштита и спасување и екипа на ОВР Радовиш извршил увид и било утврдено дека се работи за неексплодирана рачна бомба која потекнува од Првата светска војна.
Бомбата била подигната за понатамошна постапка.