
Војната во Украина немаше да се случи доколку Доналд Трамп останеше американски претседател, а Унгарија стои зад него како зад „вистински пријател“ кој е под нападот на „либералниот мејнстрим“, изјави во средата унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто во разговор за американски медиум.
„Доколку Трамп победеше на изборите (во САД во ноември 2020 година), оваа војна немаше да избувне“, рече Сијарто во разговорот за емисијата „National Report“ на каналот Newsmax.
Шефот на унгарската дипломатија вели дека во текот на мандатот на републиканскиот претседател немаше „руски напади против некого“, како и дека Будимпешта на неговото потенцијално враќање во Белата куќа гледа како на надеж за постигнувње мир во Украина.
Зборувајќи за војната во Украина, Сијарто потсети на низата спорови меѓу Будимпешта и Киев, од украинското укинување на унгарскиот јазик како службен во мнозинскиот регион Приднестовје, инсистирањата ЕУ да ја казнува Унгарија поради нејзините енергетски аранжмани изминатите години и бројните украински закани.
Сијарто додава и дека унгарското малцинство во Украина брои околу 150.000 припадници, и особено дека тие се често насилно регрутираат и испраќаат како топовско месо на првата линија на фронтот.
„Оттаму, Унгарија сака примирје што е поскоро можно, бидејќи секој нов ден од војната носи нови жртви. Оваа војна нема решение на бојното поле“, заклучи Сијарто.
Поранешниот американски претседател во вторникот пред судот во Мајами се изјасни дека не е виновен по обвинувањето дека незаконски држел доверливи документи за безбедноста на САД по заминувањето од Белата куќа, меѓу кои и за нуклеарното вооружување и за потенцијалните ранливости на земјата во случај во напад. Против Трамп се води и кривична постапка во сојузната држава Њујорк поради наводно незаконско плаќање од сметка на фирма на порноѕведа да молчи за нивната наводна врска пред во 2016-та да ја објави својата кандидатура за претседател.
Сијарто во споменатиот разговор за американскиот медиум, кој во средата го пренесе на својот официјален профил на Facebook, рече дека обвинувањата за Трамп не се ништо невообичаено, како и дека ситуацијата се повторува секогаш кога некој конзервативен челник има можност да ја преземе власта, што се случува и во Европа.
„Либералниот мејнстрим, воопшто не се стеснуваат да користат разни алатки, а провосудството е едното од тие“, вели Сијарто кој е министер во конзервативната влада во Будимпешта којашто и самата од страна на неолибертаријанската бирократија во Брисел е често обвинувана за наводно кршење на владеењето на правото, нетранспарентност, а најмногу поради прогонот на таканаречените невладини организации на берзанскиот шпекулант Џорџ Сорос и ограничувањето на достапот на ЛГБТИ пропагандата во училиштата и заштите од неа на децата.
Така и покрај големата афера во Европскиот парламент со копруција, во последниот извештај на Transparency International, Унгарија е посочена дека има наводно најкорумпиран јавен сектор во Европската унија, што Будимпешта категорички го отфрла и го оценува како продолжение на кампањата против нејзината влада.
„Стоиме крај Трамп и му стискаме палци. Под негово водство САД и Унгарија имаа најдобри односи во историјата“, рече Сијарто додавајќи дека републиканецот како „вистински пријател“ може да смета на поддршката од Будимпешта.
Според анкетата на Reuters и Ipsos објавена во понеделникот, Трамп има и натаму најголема поддршка од конкурентите за републиканската номинација за претседателските избоди во 2024-та, додека 81 отсто од републиканските гласачи сметаат дека обвинувањата против него се политички мотивирани. Истовремено, повеќето републикански ривали на Трамп за номинацијата му изразија поддршка и го обвинија Федералното биро за истраги (FBI) за политичка пристрасност, првенствено поради затајувањето на истата истрага во врска со претседателот Бајден.
Запрашан дали Унгарија ќе го одобри членството на Шведска во НАТО, кое ја чека уште ратификацијата од Анкара и Будимпешта, Сијарто потсети дека од оваа скандинавска земја кон унгарската влада постојано доаѓаа напади слични на оние кон Трамп.
Сијарто потсетува и дека Стокхолм често ја блокираше и бараше казнувања за Унгарија во Европската унија по одредени прашање, обвинувајќи ја дека е недемократска земја, што пратениците во парламентот го сфаќаат како навреда.
Шефот на унгарската дипломатија нагласува дека неговата влада го поддржува процесот на ратифијација на шведското членство во НАТО, но дека пратениците ќе го потврдат тоа „кога за тоа ќе бидат подготвени“.