Изрешетан автомобил со македонски таблици во Приштина, едно лице е убиено

Портпаролката на косовското Министерство за внатрешни работи за регионот на Приштина, Флора Ахмети, објави дека синоќа се случил оружен инцидент во главниот град на Косово и дека било пукано во автомобил со македонски регистарски таблички.

Таа рече дека било пукано од калашников, а и дека има и едно загинато лице.

Инцидентот се случил синоќа околу 20:00 часот.

Убиеното лице е во возило со македонски регистарски таблички.

Во пукотницата наводно било употребено автоматско оружје (калашников) калибар 7,62 мм.