
Една од најпопуларните српски и југословенски рок групи, неверојатно квалитетните и легендарните „Рибља чорба“, ќе одржат ексклузивен концерт во Македонија на 31-ви јули и тоа на најубавата локација за оваа пригода, а тоа е Античкиот театар во Охрид.
Публиката ќе има исклучителна можност да ги чуе безвременските песни на овој култен бенд со кој пораснаа многу генерации, но и бенд кој со сигурност остави траен печат во балканската рок историја.
Секако дека ќе биде огромно задоволство за сите нас во Охрид да ги слушнеме хитовите како што се: „Лутка са насловне стране“, „Кад сам био млад“, „Погледај дом свој анџеле“, како и многу други.
Бора чорба и неговиот бенд, ги повикаа сите нивни обожаватели под отворено небо, на добра журка која знаеме дека со нив е загарантирана, но и ветија дека тоа ќе биде уште еден добар и чесен концерт, впрочем тие не знаат за поинаку.
Рибља чорба со концерт на 31-ви јули, Антички театар Охрид, почеток 21:30 часот.