
Водостојот на Охридското Езеро е за еден сантиметар повисок од вчера, но и натаму е под просекот за јуни, додека на Преспанското Езеро е за еден сантиметар понизок и, исто така, под месечниот просек.
Според најновите хидролошки мерења, нивото на Дојранското Езеро е непроменето, но и тоа е пониско од јунскиот просек.
Како што информира УХМР, нема поголеми промени и во однос на водостоите на реките освен на Пчиња кај Пелинце.