
По Португалија и Франција, репрезентацијата на Шпанија е трет победники на Лигата на нациите. Со триумфот на „Фуријата“ на пенали против Хрватска заврши третото издание на ова отскоро востановено континаннтално натпреварување кои е од 14 до 18 јуни се одржа во Ротердам и Еншеде.
Во финалето на стадионот „Де Куип“ во Ротердам, Шпанија со подобро изведување на пенали ја победи Хрватска со 5:4 откако во регуланиот дел и во двете продолженија, или вкупни 120 минути, немаше голови.
Претходно во неделата во мечот за бронзата, Италија во Еншеде го совлада домаќинот Холандија со 3:2. И(талија на тој начин го одбрани бронзениот медал освоен пред две години.
Во првите две изданија на Лигата на нации славеа Португалија и Франција.
Шпанската фудбалска репрезентација го освои третото издание на Лигата на нации на УЕФА со победата во финалето одиграно пред 40.000 гледачи на стадионот Фејенорд „Де Куип„ во Ротердам, до кое Шпанците стигнаа со подобро изведување на пенали (5:4 ), бидејќи по 120 минути игра немаше голови .
Најубавата шанса за гол во регуларниот дел од натпреварот ја имаше Хрватска во 51 минута, кога Јосип Јурановиќ од десет метри десно ја испрати топката покрај спротивната статива, додека Шпанците ја имаа во 84 минута, кога шутот на Ансу Фати шут од осум метри на гол-линијата го блокираше Иван Перишиќ..
Во продолжението Шпанците беа поопасниот тим, но ниту еден нивни удар не влезе во рамката, па одлуката за победникот беше препуштена на удар од 11 метри.
Никола Влашиќ, Марсело Брозовиќ, Лука Модриќ беа прецизни изведувачи во првите три серии, но ударот на Ловра Мајер во четвртата серија го одбрани Унаи Симон. Иван Перишиќ погоди во петтата серија и ја остави Хрватска „жива“. Хоселу, Родри, Микел Мерино, Марко Асенсио беа прецизни за Шпанците, но во петтата серија Емерик Лапорте ја погоди гредата,
Во шестата серија Симон му одбрани удар на Бруно Петковиќ, а Дани Карвахал ја искористи втората меч топка за Шпанија и на тој начин им го донесе трофејот на Шпанците, кои им се придружија на Португалија и Франција како победници во Лигата на нации.