
Северноатлантскиот одбранбен сојуз во неделата ја истакна „непоколебливата“ посветеност на КФОР во мисијата на овие сили на Косово, во моментот кога во регионот растат тензиите по заробувањето на тројцата косовски полицајци од страна на српските безбедносни сили и на неколку Срби од северот на поранешната јужна српска покраина.
„Непоколеблива е посветеноста на КФРО на НАТО за спроведување на мандатот, што го докажува и испраќањето на 500 дополнителни воници. Уште еднаш ги потсетуваме стите страни на нивните обврски кон КФОР“, вели портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску во објавата на Twitter.
Силите на КФОР на Косово се зголемија на 4.000 војници, откако пред две седмици беа засилени со дополнителни 500 војници од Турција, по немирите во четирите доминатно српски општини на косовскиот север при што имаше десетици повредени и меѓу припадниците на контингентите на НАТО и меѓу српските цивили, но сѐ уште не е јасно во кој акции се повредени и ранети војниците од контингентите на земјите на Алијансата.
Во состојба на готовност е уште еден баталјон кој може да биде испратен доколку е потребно, пренесува агенцијата AFP повикувајќи се на свои извори.
Српската полиција сѐ уште во притвор држи тројца косовски полицајци, заробени во средата под полно вооружување и со комуникациско-локациска опрема. Белград тврди дека станува забор за диверзантско-терористичка група и дека косовските специјалци се фатени длабоко на територијата на централна Србија, додека Приштина чинот го опишува како нивно „киднапирање“ од косовска територија, а се споменува и верзијата дека заталкале, иако биле опремени со GPS.
Во средата, владата во Приштина забрани влез на српска стока во Косово поради апсењето на полицајци, што Белград го оцени како спротивно на „сите европски принципи“.
Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел ги повика српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти на средба во Брисел со цел да се најдат начини за деескалирање на тензиите. Сепак, и двајцата не потврдија досега дека ќе одговорат на поканата.