
Покрај тоа што алкохолот им штети на тежината на организмот и на здравјето, тој не е без последици и за изгледот на кожата.
Употребата на алкохол во мали дози може да има некои придобивки за телото, но оди рака под рака со десетици негативни последици, а меѓу нив, најлошо делува врз кожата.
Петте видови алкохол со негативни последици по кожата на луѓето:
Пиво – го прави лицето подуено поради содржината на шеќер и сол.
Бело вино – многу истражувања тврдат дека по една чаша вино навечер е корисна за срцето, но неодамнешна студија на Универзитет Браун откри дека дури и мала количина вино ја зголемува шансата за црвенило на одредени места поради заситеноста на крвните клетки на површината на кожата.
Црвено вино – природниот шеќер исто така придонесува за зголемено црвенило.
Рум и виски – предизвикуваат акни и водат до предвремено стареење на кожата.
Коктели – Ова е можеби најлошата опција. Тие содржат различни видови алкохол, многу шеќери и конзерванси кои се „катастрофални“ за кожата.