Путин покажа наводен нацрт-мировен договор со Украина од март 2022 година

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на средбата со група африкански лидери во Санкт Петербург, покажал нацрт договор со Украина, за кој тврди дека е подготвен во Истанбул во март 2022 година.

„Би сакал да го свртам вашето внимание на фактот дека со помош на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, како што знаете, во Турција се одржаа серија разговори меѓу Русија и Украина со цел да се разработат двете мерки за градење доверба и да се состави текстот на договорот. Со украинската страна бе разговаравме за тоа дека овој договор ќе биде таен, но никогаш не го презентиравме ниту коментиравме. Овој нацрт-договор беше парафиран од шефот на преговарачкиот тим во Киев. Тој го стави својот потпис еве го, истакна Путин покажувајќи наводен документ.

Додал дека „тоа беше наречено Договор за трајна неутралност и безбедносни гаранции на Украина“.

„Украина го отфрли мировниот договор штом Русија го исполни барањето и ги повлече војниците од Киев. Каде се гаранциите дека нема да се откажат од ниту еден друг договор во иднина“, истакнал Путин.

Киев сè уште не одговори на наводите на Путин.

На почетокот од април годинава, поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет, кој беше меѓу првите светски челници кои една година претходно веднаш по руската инвазија во Украина ги посети Киев и Москва во настојувањата да се издејствува разгорување на поголем воен конлфикт, изјави дека преговорите меѓу претставниците на Русија и Украина во пролетта 2022 година, биле прекинати по иницијатива на западните земји/,

Поранешниот израелски премиер во интервјуто детално зборуваше за преговорите по почетокот на руската инвазија во Украина ланскиот 24-ти февруари за личните контакти со рускиот претседател Владимир Путин и со украинскиот Володомир Зеленски, како и со челниците на водечките западни земји: американскиот претседател Џо Бајден, германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и тогашниот британски премиер Борис Џонсон. Според сеќавањето на Бенет, позициите меѓу западните челници биле поделени во однос на натамошните чекори.

„Сите моите активности беа координирани до најситни детали со САД, како и со Германија и со Франција“, рече Бенет а потоа потврдно одговори на прашањето на новинарот дали и прекинот на преговорите е инициран од Западот. „Во голема мера, да. Тие (Западот) ги прекинаа преговорите, а потоа ми се чинеше дека грешат. И сега ќе кажа, дека е рано да се носат заклучоци“, изјави израелскиот политичар.

Преговорите меѓу Москва и Киев започнаа неколку дена по почетокот на руската офанзива во Украина. Директните преговори меѓу Киев и Москва имаа добар развој до 29-ти март до средбата во Истанбул, кога беше најавена и можна средба на двата претседатела. Но потоа мировните преговори нагло замреа, а како што забележуваат и некои украински медиуми, тоа се случува веднаш по ненадејната посета на Киев на британскиот премиер Борис Џонсон.

Но шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушогли уште кон средината на ланскиот април во разговор за CNN рече дека мирното решение на војната во Украина го спречуваат „некои земји во НАТО“, кои посакуваат војната што подолго да трае за воено и економски да ја истошти Русија.

„Постојат земји во НАТО кои сакаат војната во Украина да продолжи. Продолжувањето на војната го гледаат како слабеење на Русија. Не им е многу грижа за ситуацијата во Украина“, рече тогаш Чавушоглу чијашто земја има добри односи и со Киев и со Москва и не се придружи на антируските санкции.

Според коментаторот на The New York Times, Дејвид Сангер, противници на мировен договор за Украина се и САД и наведе дека „кога министерот за одбрана Лојд Остин на крајот од тајната посета на Украина изјави дека целта на Америка е да ја види Русија толку ослабена да повеќе нема моќ да напаѓа соседна држава, ја призна трансформацијата на судирот од битка за контрола над Украина до онаа во која Вашингтон подиректно се спротиставува на Москва“.

„Штом украинските и руските преговарачи по средбата во Истанбул се договорија околу изработката на идниот договор, премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, се појави во Киев без предупредување. Џонсон во Киев донесе две едноставни пораки. Првата е дека Путин е воен злосторник и треба да биде прогонуван, а не да се преговара со него, и втората – ако Украина е подготвена да потпише со него какви и да се гаранциски договори, Британија не е“, објави уште на 5-ти мај минатата година весникот Українська правда повикувајќи се на „извори блиски на Зеленски“.