
Во Белгија ќе бидат уништени околу осум милиони дози од вакцините против Ковид-19 на „Модерна“ и „Фајзер“, објавија локалните медиуми, цитирајќи изјава на министерот за здравство Франк Ванденбрук.
Земјата располага со 15,3 милиони дози, но на некои од нив им истекува рокот, а други повеќе не дејствуваат на новите соеви на вирусот. Се додава дека за да се добијат нови дози, земјата мора да ослободи простор во ладилниците.
-Уништувањето ќе се случи во најскоро време, објасни министерот.