Германската индустрија очекува стагнација на економијата во 2023-та

Германската економија годинава ќе стагнира поради високата инфлација и покачените трошоци за задолжувањата кои ќе ги оптоварат личната потрошувачка и градежниот сектор, предвидуваат во германското здружение на индустријата BDI.

„Во рецесија сме. Во 2023-та очекуваме дека бруто домашниот производ (БДП) горе-долу ќе се задржи на минатогодишното ниво“, изјави во понеделникот претседателот на BDI, Зигфрид Русвурм.

Забележително закрепнување би требало да следува дури следната година, додава Русвурм.

Компаниите повеќе вложуваат во опрема и во патенти, а потпора за стопанството ќе претставува и надворешната трговија, сметаат во BDI, проценувајќи дека извозот на стоки и услуги годинава ќе порасне 2 отсто. Увозот, пак, во реален израз би требало да стагнира поради падот на цените на енергијата и сировините.

Слабата точка на економијата ќе биде личната потрошувачка, имајќи предвид дека потрошувачите ги притискаат високата инфлација и падот на реалните плати, се истакнува во извештајот, издвојувајќи го и градежништвото, поради подигнатите каматни стапки и високите материјални трошоци.

„Германија е соочена со мноштво големи предизвици. Политичарите мораат систематски да му пристапат на прашањето на структурните реформи. Многу претприемачи го губат трпението и ги мачи несигурноста“, порачува Русвурм поикувајќи на подобри даночни рамки за вложуваата, побрзи процедури за планирањата и издавања одобрувања.

Челникот на BDI се осврни и на активностите во Кина по праките од германската влада дека германските компаниии би требало да ја намалат зависноста од азискиот гигант и да тргант во потрага по нови пазари во Азија.

Левичарската влада под водство на социјалдемократскиот канцелар Олаф Шолц работи на стратешки документ за Кина кој ќе биде претставен до крајот на годината. Министерот за економија Роберт Хабек навести во март дека би можело да биде ограничен извозот во Кина за да се заштитат предностите на Германија во технологијата.

„Оддалечувањето од Кина би било нереално и штетно“, преупредуваат од германското здружение на индустријата.