
Голем пожар избувна денеска во најголемиот забавен парк во Германија, Европа-парк, што доведе до евакуација на посетителите.
На видеоto објавено на интернет се гледа црн чад од дел од забавниот парк.
Европа-парк е огромен забавен парк лоциран во градот Руст во покраината Баден-Виртемберг.
Причината за пожарот засега не е позната.
Паркот е отворен во 1975 година, а цената на билетот се движи меѓу 40 и 300 евра.