
Новата седмица ќе започне во понеделникот со претежно сончево и значително потопло време.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Ултравиолетовото зрачење ќе има вредност 8.
Утринските температури се движат во интервалот меѓу 6 и 17, а максималните дневни соодветно ќе бидат од 21 до 31 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе преовладува сончево и топло време со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до максималните 29 степени.