
Владата на Србија на денешната седница ја донесе oдлуката за прогласување елементарна непогода во 56 градови и општини во државата.
На седницата на Владата беше донесен заклучок за формирање rаботна група за координација на активностите за санирање на последиците од поплавите и подготовка на државна помош и програми за обнова по поплавите што ја погодија Република Србија.
Работната група ќе има секојдневни состаноци на кои ќе биде разгледан актуелниот пресек на состојбите во загрозените подрачја ќе бидат претставени.
Владата на Србија во најкраток можен рок ќе ги евидентира настанатите штети во сите единици на локалната самоуправа во Србија и ќе изготви план за санирање на штетите, се вели во соопштението од владината седница.
Поројните дождови и излеаните порои и другите водотеци предизвикаа штети на регионалната и локалната инфраструктура.