Ковачки: Таткото на Петровска должи 10.000 евра за струја во хациендата за која тврди дека не е нејзина

Фејсбук објава на Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ:

Министерката за одбрана Славјанка Петровска секој ден се дозаглавува се’ повеќе.

Демек, нејзино било земјиштето, ама го продала во 2009 и тоа без хациенда.
Ок.

Еве ако немало хациенда на тоа земјиште, тогаш зошто во 2019 има неплатена сметка за струја од 10.000 евра на име на нејзиниот татко, патем речено и таа лично се водела на таа адреса по лична карта?

Зарем на земјиште (нива) без изграден објект – хациенда некој туку така ќе направи толкава сметка за струја и кој е тој што тоа ќе му го дозволи?

Логично е дека за да направите сметка од 10.000 евра, треба или да копате биткоини или да полните базен.

*Инаку, за 2 неплатени сметки за струја се исклучува струјата, ама очигледно тоа не важи за поединците како госпоѓата министерка.

Еве ја сметката, јавен интерес е, нека види јавноста па нека демантира почитуваната.