
Во вторникот во тек е полициски претрес во седиштето на Организацискиот одбор на Олимписките игри во Париз 2024 година, по налог на францускиот национален финансиски обвинител.
Ова го пренесува француската новинска агенција AFP, како и британската Reuters, а организацискиот одбор официјално го потврди, додавајќи дека „целосно соработува со истражителите за да се олесни предметната истрага“.
Засега не е позната причината за истрагата, ниту, пак, за поединостите од овој случај ниту едната страна сакала да зборува. Истрагата ја спроведуваат француската централна канцеларија против корупција, финансиски и даночни прекршоци и Финансиската париска судска полиција.
Олимписките игри во Париз се закажани од 26-ти јули до 11-ти август следната година.