Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Во Македонија во вторникот ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Ултравиолетовото зрачење ќе има висока вредност 8.

Утринските температури се движат од 8 до 17, а максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 23 и 33 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и топло, со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 31 степен.