
Времето во средата во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови на планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд.
Минималната температура ќе се движи од интервал од 9 до 18, додека максималната од од 24 до 34 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска времето ќе биде сончево и топло со мала облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
УВ индексот ќе има вредност 8.
До петок ќе преовладува претежно стабилно и топло време, освен во планинските подрачја каде ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд. За време на викендот се очекува на места да биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури од недела ќе бидат во опаѓање.