Украинската војска го уништува непријателот на исток и југ, тврди Зеленски

Укрианскиот претседател Володимир Зеленски во редовното ноќно виоде-обраќање кон средата, тврдеше дека украинските сили ги уништуваат руските сили во источниот и јужниот дел на земјата.

„Во овој момент нашите војници на југ и на исток активно го уништуваат непријателот, физички ја чистат Украина. Одбраната од теророт значи уништување на терористите. И ова е гаранција дека злобната држава никогаш нема да има можност да ѝ донесе зло на Украина“, нагласи Зеленски во видео порака.

Зборувајќи за конференцијата што ќе се одржи во Лондон за закрепнувањето на Украина по војната, Зеленски рече дека обновата на земјата е „гаранција за безбедноста“ и „средство за заштита од какво и да еповторување на руската агресија“.