
Босна и Херцеговина соопшти за појава на жариште на африканска чума кај свињите на нејзина територија, соопшти денеска Светската организација за здравствена заштита на животните.
Болеста е откриена во свињарска фарма во градот Бијелина, во Република Српска, посочуваат од организацијата, повикувајќи се на извештај на босанските власти.