Наришкин – не успеа обидот за предизвикување граѓанска војна во Русија, Ердоган понуди турска помош

Шефот на руското надворешно разузнавање СВР, Сергеј Наришкин, изјави во саботата дека не успеал обидот за дестабилизација на руското општество и разгорување братоубиствена граѓанска војна во Русија.

„Во овој момент јасно е дека обидот за дестабилизација на општеството, да се разгор огнот во него на најтемните стремежи, да се разгори огнот на братоубиствената граѓанска војна – не успеа. Русите покажаа граѓанска зрелост, способност да ја разликуваат вистината од лагата“, изјави Наришкин на Telegram канал на руското здружение на историчари.

Според него, никакви минати заслуги не може да го оправдаат изневерувањето зад грбот на војската која се бори на фронтот.

Наришкин, еден од највлијателните личности во Русија, така накусо го коменираше бунтот на приватната војска „Вагнер“ на Евганиј Пригожин алудирајќи на ангажирањето на нивните единици на боиштето во Украина, особено во заземањето на градовите Соледар и Бахмут.

Ноќта кон саботата во Ростов-на-Дон, штабот на Јужниот воен округ го заземаа припаднции на „Вагнер“ по серијата објави на Евгениј Пригожин за наводно нанесени од ракетни и бомбардеески удари од страна на руските вооружени сили врз камповите на платеничката војска, што го негираше Министерството за одбрана и од безбеднсната слижба ФСБ која поради тоа против Пригожин е отворена кривична постапка за организирање вооружен бунт.

Пригожин во објавите рече дека тргнува на „марш на правдата“ кон Москва за да го собори рускиот воен врв со кој со месеци наназад е во конфликт и го критикува за некомпетентност во управувањето со воените дејствија во Украина. Во телевизиското обраќање до нацијата рускиот претседател Владимир Путин потегот на Пригожин и „Вагнер“ го нарече предавство и обид за предизвикување граѓанска војна во Русија додека таа се бори со колективниот Запад за да ја сочува својата државност и суверенитет.

Во врска со драматичните сцени кои доаѓаат од рускиот јужен регион Ростов на стотина километри од границата со Украина, во саботата турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, чијашто земја иако членка на НАТО одржува тесна соаботка со Русија и одбива да ѝ воведе санкции поради нејзината инвазија во соседната земја, одржа телефонски разговор со рускиот колега по должност Владимир Путин.

„Во текот на раговорите беше дискутирано за најновите настани во Русија (…) Претседателот Ердоган рече дека ние како Турција сме подготвени да придонесеме за брзо решевања на настани во мир и спокојство“, соопшто кабинтетот на турското претседателствот.

Белорусија, којашто има стратешки договор со Русија за заедница на државите, исто така во саботата испрати порака дека недвосмислено го поддржува Путин. Безбедносниот совет на Белорисија во саботата објави дека Минск останува доследен сојузник на Москва и дека станува збор за внатрешни предизвици коишто се „подаркот за колективниот Запад“.

Иран, исто така, објави дека го поддржива владеењето на законите во Руската Федерација и оти најновите случувања таму ги смета за внатрешна работа на суверена земја.