
Шефот на побунетите руски паравоени платенички формации „Вагнер“ Евгениј Пригожин потврди дека руската војска извела напади врз нивните конвои, објави BBC, откако Reuters објави дека борбени хеликоптери на руската армија отвориле оган во саботата попладнето врз конвој на приватната воена компанија кој се движел по автопатот кој води кон Москва.
„Пукаа на нас, прво со артилерија, а потоа од хеликоптери“, напиша Пригожин на Telegram но не објави каде се случили нападите.
Западните агенции објавија дека руските хеликоптери нападнале конвој на „Вагнер“ кај Вороњеж и го цитираат Пригожин дека неговите сили „го заземаа Ростов на Дон без испукан куршум“. Меѓутоа, таков израз во објавите на Telegram на Пригожин за „заземање“ градови не се споменува, туку се истакнува дека станува збор за „марш (кон Москва) на правдата“ ограничувајќи се само на обвинувања за рускиот воен врв.
Пригожин бараше министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на рускиот генералштан Валериј Герасимов, кои ги критикува, како што вели, за „катастрофално водење на војната“ во Украина, да дојдат во Ростов на Дон. Пригожин во една од ноќните аудио објави на социјалните мрежи рече дека има 25.000 борци кои ќе ја „вратат правдата“ и наведе без да даде поединости или докази дека руската војска убила голем број борци на „Вагнер“ во воздушен напад, што го негираше руското Министерство за одбрана.
Ростов на Дон е милионски град на стотина километри од украинската граница и најголемо воено логистичко место за Јужниот воен округ кој ги изведува борбените воени операции во Украина.
Руските воени хеликоптери отвориле оган во саботата попладнето врз конвој на побунетите платеници кај Вороњеж, кој бил на половина пат кон Москва, пренесува Reuters, а станува збор за околу 500 километри оддалеченост од руската престолнина, а до Ростов на Дон има повеќе од илјада километри.
Новинар на Reuters во Русија видел како воени хелоикоптери отвораат оган врз вооружена колона на „Вагнер“ која се движела крај градот Вороњеж со транспортери и најмалку еден тенк на камион со рамна платформа.
Властите во рускиот реггион Липецк ги повикаа во саботата попладнето да останат во своите домови од безбедносни причини. Издадоа предупредување по извештајот дека побунетите платеници на „Вагнер“ се движат кон области.
Во меѓувреме беше објавено дека руските воени специјалци без никакво отпор го заземале главното седиште на „Вагнер“ во Санкт Петербург кој е роден град и на Евгениј Пригожин и на претседателот Владимир Путин. Подоцна беше објавено и дека е затворен центарот на приватната воена компанија во градот Тјумен.
Пригожин чија приватна војска, како што сега пишува Reuters ги водеше едни од најкрвавите битки во Украина, со месеци беше во конфронтација со рускиот воен врв. Британските медиуми објавуваат дека наводно го заземал штабот на големиот Јужен воен округ во Ростов на Дон откако ги повлекол своите единици во Русија од Украина. На снимките кои ги објави Пригожин на Telegram, инаку, се гледа како во просторија разговара со двајца руски генерали но нема потврда за тоа кои се тие. Претходно беше објавено дека претседателот Путин во Ростов испратил двајца влијателни постари генерали на разговори со Пригожин да го одвратат од продолжување на бунтот.
Снимки од Ростов на Дон, пак, покажуваат дека борци за кои се тврди дека се припадници на „Вагнер“ со оклопни возила и тенкови се позиционирани во градот.
Во главниот град Москва засилено е обезбедувањето. Црвениот плоштад е блокиран со метални решетки.
„Претераните амбиции и личните итнереси доведоа до предавство. Сите оние кои свесно тргнаа на патот на предавството, кои го подготвувале вооружениот бунт, кои тргнаа по патот на уцените и терористичките методи, ќе ја понесат неминовната казна, ќе одговараат пред законот и пред народот“, изјави Путин во телевизиското орбаќање споредувајќи го бунтот на „Вагнер“ со руската комунистичка револуција финансирана од западните центри во 1917 година која го смени текот на Првата светска војна.
Бунтот на Пригожин и „Вагнер“ се случува во времето која Украина ја започна својата долгонајавувана противофанзива но нема поголеми пробои и напредувањето на фронтот.
Пригожин пак одговори дека тој и неговите луѓе не сторител предавство и оти немаат намера да се предадат, но не ги коментираше објавите на руското Министерство за одбрана дека некои единици и команданти на „Вагнер“ стапиле во конатакт со руските безбедносни служби и откажале да се приклучат на бунтот.
„Претседателот длабоко греши кога зборува за предавство. Ние сме патриоти, се борвем и се бориме за татковината. Не сакаме земјата и натаму да живее во корупција, измама и бирократија“, го цитира Пригожин во изјавата по првпат со очигледни и политичко асоцијации Reuters за кого претходно пишуваше дека е еден од најблиските криминални олигарси на Путин.