
Сообраќајот на патниот правец Велес – Скопје е нормализиран, само во тунелот кај Катланово се одвива по една коловозна лента, соопшти АМСМ.
Автопатот Велес – Скопје, кај тунелот, попладнево беше целосно затворен за сообраќај поради сообраќајна незгода. Возилата се пренасочуваат од клучката Велес кон Свети Николе, кон автопатот Штип – Скопје.
Во МВР попладнево, во 16:55 часот, било пријавено дека во тунелот кај Катланово во правец од Велес кон Скопје, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно моторно возило и мотоцикл со унгарски таблички. Според првичните информации, едно лице, кое се превезувало на мотоциклот, починало, а другото, кое исто така се превезувало на мотоциклот, е пренесено во Ургентниот центар Скопје.