
-Мерко веќе една недела се крие во глувчешка дупка, избегнува да се појави пред јавноста и медиумите, а за тоа очигледна поддршка има од неговата матична партија ДУИ и нивниот подизведувач во владата СДС, велат ВМРО-ДПМНЕ.
Од една страна секој ден устите им се полни со САД и ЕУ, а од друга страна кога нашите меѓународни партнери, ќе укажат директно со име и презиме на криминални активности, кои ги сторил нивен сопартиец, тогаш молчат, се кријат и не ги интересира нивното мислење.
Дволичноста на ДУИ и СДС е јасна и лесно препознатлива кај граѓаните, кои нема да им простат на следните избори и тие ќе им пресудат.
Правдата и одговорноста која ја бараат, ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ, по формирањето на новата влада, соопштија од оваа партија.