
Македонија го освои првиот медал на Европските игри во полски Краков, откако најдобриот таеквондо-борец Дејан Георгиевски загуби со 0-2 во финалето во категоријата над 83 килограми, од британскиот противник Кејден Луис Канингем.
Со ова се комплетираше фантастичниот настап на сребрениот од Олимпијадата во Токио, а Георгиевски на патот до финалето ги совлада Италијанецот Матија Молина и Украинецот Андриј Харбар.