
Во Брисел имав средба со Дејвид Мекалистер, потпретседател на ЕПП и претседател на комисијата за надворешна политика на европскиот парламент (АФЕТ), објави на социјалната мрежа на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Пријателски разговор за плановите за развој, иднината на Македонија и потребата за заштита на националното достоинство и идентитет.
Поразително е што прва задача на власта не е лобирањето за Македонија, туку кодешење на опозицијата. Моја прва задача е иднината и стабилноста на народот на Македонија, пишува Мицкоски во својата објава.