
Претседателот Володимир Зеленски во вторникот изјави дека сака Украина да добие политичка покана за членство во НАТО кога ќе се одржува самитот на Североатлантската воена алијанса во Литванија следниот месец.
„Има многу причини да се упати политичка покана до Украина да се приклучи на алијансата“, напиша тој на апликацијата за пораки Telegram.
Украинскиот претседател побара и безбедносни гаранции од НАТО доколку неговата земја во блиска иднина не стане членка на Aлијансата.
Рече дека има „целосно разбирање за безбедносните гаранции за Украина до моментот на пристапување“ во алијансата, но не даде дополнителни детали.
Министерот за одбрана Олексеј Резников минатата седмица изјави дека очекува Киев да добие јасен сигнал и „формула“ за покана за членство во НАТО на самитот што ќе се одржи во Вилнус од 11-ти до 12=ти јули.
Зеленски веќе извесно време се залага за членство на Украина во НАТО, но нагласи дека разбира оти приклучувањето е невозможно се додека војната сѐ уште беснее во Украина.
Таквите апсирации на актуелната власт во Киев беше еден од изговорите на Москва за почетокот на воената интервенција во соседната земја ланскиот февруари откако САД и НАТО го одбија предлогот на Русија за договор кој ќе ја гарантира нејзината безбедност а предвидуваше повлекување на воените бази на границит до 1997 година и непримање во членство на земјите како Украина и Грузија, беше токму потенцијалното членство на Украина со што проектилите за неколку минути би стасувале до Москва.
Украинскиот претседател изјави и дека телефонски разговарал со шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром за кандидатурата на Шведска за влез во НАТО.