
Четириесет и седум годишниот А.Ѓ. од струмичко Бориево го загуби животот во сообраќајна несреќа која синоќа околу 21,15 часот се случи на магистралниот пат А4 Струмица-Ново Село, на делница помеѓу селата Дабиле и Босилово.
Во несреќата учествувале автомобил „мерцедес“, управуван од А.Ѓ. и автомобил „фиат“, управуван од 31-годишниот Р.М. од село Костурино, струмичко, двете со струмички регистерски ознаки.
„Од здобиените повреди во несреќата починал возачот А.Ѓ., а смртта ја констатирал лекар во Медицински центар Струмица, а возачот Р.М. се здобил со телесни повреди“, информира МВР.
Увид на местото извршил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и увидна екипа од Полициската станица Струмица.