
Демократскиот сојуз алармира дека последните корупциски скандали за кои јавно предупредуваат и странски дипломати, сведочат за колапс на државата во целина и на институциите, што е резултат на високиот степен на криминализација и партизација.
За седум години Владата на СДСМ и ДУИ не спроведе ниту една коренита и системска реформа, а целосно ја блокира работата на МВР, АНБ, АР, Финансиската полиција, УЈП и Финансиското разузнавање, соопштија од оваа партија.
-Деновиве тој хаос излезе на површина, со меѓусебни обвинувања, напади, а резултатот е се да остане и да се одвива КАКО И ДОСЕГА.
Ја повикуваме Владата на Ковачевски и Ахмети, наместо да ја замајува јавноста со уставни промени како божемен круцијален предуслов за почнување на преговорите со ЕУ, иако е јасно дека без реформи нема евроинтеграција, да го донесе законот за Македонија да биде една изборна единица и да се оди на предвремени парламентарни избори!, бараат во соопштение од оваа партија.