
Најдобриот кошаркар на Партизан во изминатата сезона, Кевин Пантер беше на чекор да потпише со Барселона, меѓутоа Американецот ги одби милионите од Каталонија и потпиша нов договор со „црно-белите“.
Шпанските медиуми пишуваа дека Американецот ќе заработи шест милиони евра за две сезони во Барселона, односно двојно повеќе од платата која ја добиваше во Белград, но Пантер покажа дека не е сè во парите и реши да остане во Белград.
Пантер пристигна во српскиот гигант пред две години, а изминатата сезона го предводеше тимот до место меѓу најдобрите осум екипи во Евролигата, додека сезоната ја круниса со титула во АБА-лигата.