
На скопскиот аеродром e приведен Владимир Тодоровиќ, поранешен градоначалник на скопската општина Центар и сопственик на ланецот маркети „Тинекс“, потврди МВР.
Во акцијата се приведени уште пет лица. На граничниот премин Табановце е приведен и поранешниот претседател на Советот на Општина Центар Владимир Здравев.
Од МВР велат дека вчера „во попладневните часови и во текот на вечерта од страна на полициски службеници од МВР – Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по налог на ОЈО ГОКК, а со наредба на судија на претходна постапка, лишени се од слобода пет лица во врска со чл.273 ст.5 и чл.353 ст.5 од Кривичниот законик. Лицата се приведени и задржани во полициска станица и во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка“.