
На сите им е јасно дека раководството на Галатасарај има многу добри односи со челниците на ПСЖ, а тоа најдобро го покажуваат трансферите на Икарди и Паредес.
Сега челниците на тимот од Турција решија да сонуваат уште повеќе – сакаат да доведат ни помалку ни повеќе – Нејмар.
Целта на раководството на овој клуб е да се освои еден од европските трофеи во следните две години, а не ја кријат желбата дека сакаат тоа да биде Лигата на шампионите.
Иако малкумина веруваат дека тоа е невозможно, турските медиуми тврдат дека првата средба на претставници на Галатасарај и Нејмар веќе е одржана