ВИДЕО| Спречен атентат врз гувернерот на Крим

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти во понеделникот дека спречила обид за атентат врз Сергеј Аксјонов, гувернер на црноморскиот полуостров Крим.

Во објавата на ФСБ се наведува дека е уаспен руски државјанин кој бил врбуван и обучуван од украинската тајна служба СБУ да го убие Аксјонов со кревање во воздух на неговиот автомобил.

Украинските власти засега не го коментираа пишувањето на руските медиуми во врска со наводниот атентат врз Аксјенов.

Претходно викендов весникот The Washington Post објави, повикувајќи се на американски разузнавачки извори дека Киев планира со постојани напади со беспилотни летала и распоредување ситеми со долг дострел да го држат Крим во „заложништво“ со што би оствариле предност при евентуални мировни преговори со Москва.

Крим е историското седиште на руската Црноморска флота, а се врати во составот на Русија по превратот во Киев во 2014 година по укинувањето на правата на руското население. Доминатно руското и рускојазично население на овој црноморски полуостров тогаш со два референдума прво ја врати автономијата укината во 1991 година со осамостојувањето на Украина и се врати во составот на Русија од која е одземен во 1954 година со декретот на тогашниот советски водач Никита Хрушчов. Куев и меѓународната зеадница не го признаваат присоединувањето на Крим на Руската Федерација и сметаат е нелегална руска анексија на украинска територија.