
Киев се надеваше дека ќе започне со својата воена реакција против Русија многу порано, но беше попречен од недостигот на оружје испорачано од Запад, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен.
Зеленски истакна дека им рекол на европските лидери дека Украина би сакала да ја започне контраофанзивата „многу порано“, но дека има потреба од „оружје и материјал за тоа“. Во некои области, рече тој, трупите на Киев не можат „ни да помислат да започнат“ напади бидејќи немаат „соодветно оружје“.
Украинскиот лидер објасни дека Киев знаел дека одложувањата ќе резултираат со побавен напредок.
„Сите разбра дека ако контраофанзивата се развие подоцна, тогаш поголем дел од нашата територија ќе биде миниран. На нашиот непријател му даваме време и можност да постави повеќе мини и да ги подготви одбранбените линии“, додаде тој.
Зеленски ги повтори повиците за испорака на борбени авиони Ф-16 од американско производство. Додека западните поддржувачи на Киев веќе почнаа да ги обучуваат украинските пилоти да управуваат со овие авиони, претходно оваа недела адмиралот Роб Бауер, претседател на воениот комитет на НАТО, предупреди дека прашањето за пратките „нема да се реши на краток рок за оваа контраофанзива“.
Украинскиот лидер истакна дека испораките на Ф-16 „не се за украинската предност на небото во однос на Русите“, туку „само за рамноправност“, додавајќи дека авионите ќе обезбедат покритие за украинските војници, овозможувајќи им полесно да се движат преку бојното поле.
Во вторникот, Алексеј Данилов, шефот за национална безбедност на Украина, посочи дека приоритет на Киев е „максималното уништување“ на руската војска, а не територијалниот напредок.