
Фудбалерите на САД и Јамајка се пласираа во полуфиналето на овогодинешното издание на Голд купот, шампионатот на Северна и Централна Америка.
Во драматичен натпревар во Синсинати, САД во четвртфиналето ја елиминираа Канада со подобро изведување на ударите од белата точка со вкупен резултат 5:4 (2:2, 1:1), додека Јамајка на истиот стадионја победи Гватемала со 1:0 (0:0).
На средбата меѓу ко-домаќините на ова натпреварување и наредното Светско првенство немаше голови до 88 минута, а потоа напаѓачот на локалниот ФК Синсинати, Васкез со глава ги доведе САД во водство, но на почетокот во судиското надополнување, Робинсон играше со рака во својот шеснаесетник, па Виторија во 93 минута од белата точка го израмни резултатот на 1:1.
Натпреварот помина во дополнителни половина час, а по продолжение Канада поведе со голот на Шафелбург, кој во 109 минута го совлада Тарнер по соло-продор и удар од врвот на шеснаесетникот. Но Канаѓаните не успеаја да ја сочуваат предноста, во 114 минута топката по одбраната на голманот Ст.Клер го удри дефанзивецот Кенеди и заврши во мрежата.
Тројца од четворицата американски играчи беа прецизни при изведвуањето на пеналите, додека само двајца од петте Канаѓани успеаја да го совладаат Тарнер, па САД во полуфиналето на 12-ти јули во Сан Диего ќе играат против Панама.
Мечот меѓу Јамајка и Гватемала донесе малку помала драма, а Јамајка се пласираше во полуфиналето благодарение на голот на Бел во 51 минута. Јамајка во полуфиналето ќе игра и против Мексико во Лас Вегас на 12-ти јули.