
Српскиот тенисер и втор носител на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ ноќта кон понеделникот стаса до 13 последователни добиени тај-брејкови на гренд слем турнирите, откако освои два тај-брејка во осминафиналето против полскиот тенисер Хуберт Хуркач.
Со ова Ѓоковиќ го урна рекордот на Пит Сампрас кој во 1994 година имаше добиено 12 тај-брејкови во низа.
Мечот Ѓоковиќ-Хуркач почна доцна синоќа на централниот терен на Вимблдон и е прекинат при водство од 2-0 во сетови за Ѓоковиќ (7-6, 7-6), а ќе биде доигран во понеделникот како втор меч на програмата на централниот терен веднаш по мечот Јелена-Рибакина-Беатрис Хадад.
Победникот на овој меч во четвртфиналето ќе игра со рускиот тенисер Андреј Рубљов кој вчера го победи Казахстанецот Александар Бублик со 3:2 во сетови, во тежок меч кој траеше три часа и дваесет минути.