
Силен земјотрес во средата во 18,28 часот ја погоди БиХ. Краток, но силен потрес е почувствуван во Мостар, но и во остатокот од Херцеговина, јавува ЕМСЦ.
Според првичните информации, земјотресот бил со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот се уште не е познат.
Земјотресот е особено почувствуван во областа на Мостар, Меѓугорје, Груд, Пошушје, Чапљина, Широки Бријег, Макарска и Плоче.
Жителите од областа околу епицентарот пишуваат дека ударот бил силен и дека тресењето траело доста долго.
„Овој добро не стресе“, „Добро се затресе, се слушна“, „Одеднаш се стресе, без предупредување“, се само дел од коментарите на граѓаните под објавата на ЕМСЦ