
Пронајдена е Ана Марија која се загуби во Прилеп.
Според информациите од МВР за „Макфакс“, 15-годишната тинејџерка била најдена на територијата на Битола и веќе е со своите родители.
Синоќа на социјалните мрежи, роднините на девојчето бараа помош за нејзино пронаоѓање. Пишуваа дека последен пат била видена на постојка Ропотово додека чекала превоз.