
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на лице место во Шипковица, каде при изградба на потпорен ѕид вчера загинаа двајца работници.
Издадена е наредба за обдукција на телата на починатите, а јавниот обвинител нареди да се обезбеди и целокупната документација од правниот субјект кој ги ангажирал работниците, како и документацијата од општината поврзана со изградбата на ѕидот. На лице место беше повикан и Државниот трудов инспекторат, кој ќе изготви извештај.
Во насока на утврдување на причините и проверка на целиот настан, се испитуваат повеќе лица.