
Партијата Демократски сили на Ромите – ДСР во Шуто Оризари организираше трибина на која присуствуваа и им се обратија на присутните, потпретседателот на ВМРО- ДПМНЕ Владо Мисајловски и пратеникот Бојан Стојаноски.
-Вечерва имав убава можност да се обратам и да зборуваме за сите актуелни теми на трибина во општина Шуто Оризари во организација на нашиот коалиционен партнер ДСР.
Народот бара промени што поскоро, бара подобри услови за живот, повеќе проекти и Влада што ќе работи за сите граѓани во Македонија без никакви поделби и отстапки.
Заеднички со нашата коалиција тргнуваме во нови победи и нови предизвици, зашто ова е Македонија за сите луѓе, а само заедно може да бидеме успешни, истакна Мисајловски.
На трибината пред активистите на ДСР свое обраќање имаше и лидерот Шабан Салиу, каде со огромна еуфорија беше истакнато дека на следните парламантарни избори Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победи.
Уште еднаш беше потврдена соработката на двете партии.